6.8 C
Скопје
08:28 - 30 март, 2026

Светски музички ѕвезди ќе пеат за Украина – на „Вембли“ се подготвува голем концерт

Голем концерт посветен на Украина и жртвите од војната се очекува да се одржи на 24 јуни на „Вембли“, стадионот во Лондон, Велика Британија.

Овој музички настан е поддршка на украинскиот народ, а и „за да се изврши дополнителен притисок“ врз рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Сан“.

„Ова ќе биде нешто големо. Ќе настапат најдобрите музичари, популарни низ целиот свет. Тоа е нешто што луѓево сакаат да го направат веќе некое време, но сега ги одредивме времето и местото. Веќе ги поканивме најголемите музички ѕвезди, но свесни сме дека поради густиот распоред и со така ненадеен повик, можеби нема сите да дојдат“, изјави неименуван извор за таблоидот.

Меѓу поканетите се „Ролинг стоунс“, „Ју-ту“, Адел, Пол Макартни, Пинк, Ноел Галагер, „Флоренс енд д’Машин“ и многу други пејачи и групи.

„Ние сме оптимисти за овој концерт, бидејќи многумина веќе се согласија да настапат. Ова ќе биде одлична можност за бендовите кои се политички активни и се залагаат против војната – како Ју-ту, дополнително да ја истакнат состојбата во Украина. Така, концертот секако може да изврши дополнителен притисок врз Русите и Путин“, додава изворот.

Но, можен проблем и пречка може да биде ако настанот се поклопи со Фестивалот во Гластонбери. Добротворниот концерт, според таблоидот, е замислен како оној во 1985 година, кога се собираа пари за жртвите од глад во Етиопија.

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....