05:28 - 7 ноември, 2026

Сузана Манчиќ ќе стане баба! Најпознатата „лото девојка“ во регионот не ја крие среќата: „Пресреќна сум!“

Водителката Сузана Манчиќ се огласи по повод радосните вести во нејзиното семејство. Нејзината ќерка Теодора Куниќ е бремена, а идната баба не ја крие среќата што наскоро ќе добие внуче.

Манчиќ откри дека семејството свесно одлучило да не ја споделува веста со јавноста во првите месеци од бременоста.

„Фала му на Бога, доаѓа бебе. Не би сакала многу да зборувам за тоа бидејќи сè уште е рано. Најважно ми е сè да помине како што треба и бебето да биде здраво. Ова се навистина радосни вести, многу сум среќна и едвај чекам“, изјавила Сузана.

 

Кој е зетот на Сузана Манчиќ?

Сопругот на Теодора, Мирослав Талијан, е висок офицер на Војската на Србија со богата воена и академска кариера.

Роден е во 1970 година во Смедеревска Паланка. По завршувањето на Воената гимназија и Воената академија, насока пешадија, образованието го продолжил на Факултетот за безбедност, каде што магистрирал. Потоа завршил специјалистички студии на Факултетот за политички науки, а докторирал во 2008 година на Воената академија. Осум години подоцна ги завршил и Високите студии за безбедност и одбрана.

Во текот на кариерата извршувал бројни командни и наставни функции, а во 2018 година бил именуван за командант на 72-та бригада за специјални операции. Претходно бил командант на Специјалната бригада, началник на Воената академија, началник на Школата за национална одбрана и извршувал повеќе должности во рамките на специјалните и противтерористичките единици на Војската на Србија.

Семејството засега не открива повеќе детали за бременоста, но јасно е дека радоста е голема и дека Сузана Манчиќ со нетрпение го очекува доаѓањето на новиот член во семејството.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....