05:41 - 7 ноември, 2026

„Мојот сопруг не е Супермен!“: српската инфлуенсерка која е во брак со голманот на Курасао остро им се обрати на „хејтерите“

Беше доволен само еден натпревар името на Елој Ром да се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи. По високиот пораз на репрезентацијата на Курасао од Германија, корисниците на ТикТок не го коментираа само резултатот, туку и неговиот приватен живот.

Имено, Ром е сопруг на Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах, една од најпознатите инфлуенсерки во регионот. Поради тоа, покрај спортските анализи, многу брзо почнаа да се шират и коментари поврзани со нејзините објави и навивањето за репрезентацијата на нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zo Room (@zorannah)

Зорана за натпреварот подготви посебно издание. Внимание привлече нејзината црна јакна украсена со фотографии од сопругот, кој е прв голман на Курасао. По натпреварот, социјалните мрежи беа преплавени со коментари на нејзина сметка.

„Одлично почнаа, се гледа дека им носиш среќа“, „Заблагодари му се на сопругот, те молам. Од 1:1 стигна до 7+“, ѝ пишуваа следбениците.

Инфлуенсерката по натпреварот објави заедничка фотографија со сопругот со пораката: „Засекогаш горда на тебе“.

Подоцна се осврна и на критиките што се појавија по натпреварот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zo Room (@zorannah)

„Благодарам на сите што одвоија време, го гледаа натпреварот и ни испратија поддршка. Тоа многу ни значи. А што се однесува до останатите – информирајте се. Репрезентацијата на Курасао во оваа форма постои дури од 2011 година“, порача таа.

Таа потсети и на големата разлика меѓу германската репрезентација и Курасао и нагласи дека самиот пласман на Светското првенство е голем успех.

„Мојот сопруг не е Супермен, а фудбалот не е индивидуален спорт. Тој е еден од единаесеттемина“, додаде таа.

Зорана Јовановиќ со години важи за една од највлијателните инфлуенсерки во регионот. Кариерата ја започна како блогерка, а денес нејзините профили на социјалните мрежи ги следат повеќе од еден милион луѓе. Со следбениците редовно споделува содржини поврзани со модата, патувањата и приватниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zo Room (@zorannah)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....