18.8 C
Скопје
16:20 - 11 март, 2026

СТОТИЦИ ЛУЃЕ ПОЗИРАА ГОЛИ ВО ИМЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Уметникот Туник се бори за Мрвото Море

Спенсер Туник

Стотици луѓе обоени во бело прошетаа низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува „Гардијан“.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин во министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море. Како што вели, бил инспириран од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содома.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, вели Туник, кој досега организирал десетици снимања на голи луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SPOT it (@spotit.co.il)

Докторантката Ана Клејман за „Гардијан“ изјави дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“, вели таа. „Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете“.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно. Израел и Јордан пренасочија голем дел од водата за земјоделството и вода за пиење, додека екстракцијата на минералите и испарувањето забрзани со климатските промени, го влошуваат проблемот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spencer Tunick (@spencertunick)

Летот на Туник го плати израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Слични објави

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.
Се вчитува....