-1.2 C
Скопје
05:45 - 11 март, 2026

Столтенберг: „НАТО се соочува со најголемиот предизвик од Втората светска војна“; „Лидерите денес ќе донесат и историска одлука за Финска и Шведска – членки на НАТО“

Самитот на НАТО што се отвора во Мадрид е „историски и трансформативен“ самит: ова го вели генералниот секретар на Атлантската алијанса, Јенс Столтенберг, според кого во овој момент „се соочуваме со најголемиот предизвик од Втората светска војна“.

Русија, посочува Столтенберг, претставува „директна закана за нашата безбедност“, и поради оваа причина зеленото светло на Турција за Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата е „поволно за сите“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез се надоврза со неговиот заклучок дека „Русија се шири во Африка“.

„Јасно е дека Русија се проширува во Африка , на пример, преку паравоената компанија Вагнер, поради што земјите на НАТО мора да предвидат ваков тип на закани, активирајќи стратегии за да одговорат на ефикасен начин на секаков вид предизвик“ – рече шпанскиот премиер Педро Санчез кој не ја крие својата загриженост за руската експанзија. Според шпанскиот лидер, во „јужното крило“ на НАТО има и други прашања што треба да се решат, на пример „климатските промени и нивните миграциски ефекти“, „тероризмот“ и „политичката нестабилност“ во некои земји.

Столтенберг нагалси дека денеска Шведска и Финска ќе бидат поканети во НАТО.

„Лидерите денеска ќе донесат и историска одлука да ги поканат Финска и Шведска да станат членки на НАТО, врз основа на договорот постигнат вчера меѓу Финска, Шведска и Турција: тоа е позитивен договор за Финска, Шведска, Турција и за сите нас“ – изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....