15.8 C
Скопје
11:00 - 9 октомври, 2026

Станија повторно се избламира: „Не знам кој е Паганини, но имам диплома“

Гостувањето во емисијата „Народ пита“ се претвори во вистинска вербална пресметка кога водителката Ивана Шопиќ ги угости ријалити-ѕвездите Станија Добројевиќ и Маја Маринковиќ. Атмосферата ја доведе до вжештување гледачката Гоца од Краљево, која директно ја тестираше Станија за нејзината општа култура, потсетувајќи ја на старата пропуштена лекција од минатото.

На прашањето дали во меѓувреме научила кој е Николо Паганини, Станија без устручување одговори дека не знае, но дека е образована бидејќи има факултетска диплома. Откако гледачката ѝ одржа лекција дека дипломата е степен на стручна спрема, а Паганини е дел од основното образование, старлетата возврати:

„Дали Паганини ќе ми помогне да заработам повеќе пари? Немојте да ме зезате“.

Покрај оваа расправа, во емисијата беа откриени и понатамошните планови на ријалити-учесничките. Додека Маја Маринковиќ потврди дека ги прекинала сите контакти со поранешните цимери од ријалитито, Станија откри дека ги пакува куферите за Америка каде заминува за две недели поради бизнис обврски, споменувајќи дека во иднина размислува и за сурогат-мајчинство.

Слични објави

Прекрасна љубовна приказна на Александра Пилева за запознавањето со сопругот: „Јас сакам да те оженам“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Слатко задоволство со мирис на есен— крцкави штрудли со јаболка и цимет, готови за половина час

К.С.

(Видео) Калиопи откри што направила со необјавената песна со Тоше Проески: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“

К.С.

Хороскоп за 9 октомври: Биковите ќе ги покажат своите способности на работното место

Еспресо

(Видео) Вики Миљковиќ и Десингерица ги изненадија обожавателите – запејаа на овој хит од 90-тите

Еспресо
Се вчитува....