01:08 - 13 ноември, 2026

Српската група „Лавина“ со настапот на Евровизија испрати силна порака за борбите што сите ги водиме

Српската група „Лавина“ синоќа настапи под реден број 15 на овогодинешната Евровизија и со својот настап успеа да остави силен впечаток врз публиката и гледачите ширум Европа. Момците со енергична изведба и сценски настап обезбедија пласман во финалето и привлекоа големо внимание.

Групата „Лавина“ настанала сосема спонтано, а членовите на бендот повеќепати истакнале дека музиката за нив е пред сè голема љубов и хоби. Токму поради тоа, многумина сметаат дека на евровизиската сцена донеле посебна енергија и искрен пристап кој публиката го препозна, а нивниот настап веќе предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, пишува Мондо.

„Нашата песна зборува за искрени емоции, за борбите што сите ги водиме, секоја песна не е радосна. Треба да се претстави и таа страна на човекот, испраќаме порака до луѓето дека е во ред да ги чувствуваат работите“, изјави Андрија Цветановиќ, член на групата „Лавина“.

Патот до евровизиската сцена за нишките музичари започнал со одлуката песната, која првично била дел од нов албум на англиски јазик, да ја преведат и прилагодат за домашниот формат, бидејќи во неа препознале потенцијал што ги надминува клубските рамки.

„Песната всушност настана во многу краток период. Понекогаш имаме проблем со пишување песни, знае да се одолжи, да се искомплицира, да помине низ 150 фази пред да дојдеме до финална верзија со која сите сме задоволни. Овојпат тоа не беше случај со ‘Крај мене’, која некако излезе ‘како од ракав’. Песната не беше намерно пишувана за Евровизија, туку за нашиот нов албум што планираме да го објавиме оваа година. Беше планирано да биде на англиски јазик како и останатите песни од албумот, но поради околностите решивме да ја преведеме и да ја искористиме за Евровизија оваа година, бидејќи видовме голем потенцијал во неа за такво нешто. Таа, како и сите останати песни, е природно продолжение на нашиот звук“, изјави фронтменот Лука Аранѓеловиќ.

Мотивацијата за појавување на јавниот сервис била желбата да се разбијат предрасудите за металот како маргинализиран жанр во Србија.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....