14:26 - 7 ноември, 2026

Спектакл во Белград – Лени Кравиц го „запали“ Ушќе и со нестварна енергија ја крена публиката на нозе

Светската рок ѕвезда и музичка легенда Лени Кравиц  излезе пред белградската публика на Ушќе, каде што го дочека преполн плато и громогласен аплауз. Бројните обожаватели се собраа во огромен број за во живо да ги слушнат хитовите на оваа мегаѕвезда, а атмосферата беше на самиот врв уште од првата секунда.

Кравиц на бината се појави во својот препознатлив рок стил – во тесни фармерки и бордо кожна јакна, останувајќи верен на имиџот кој го негува со децении. Штом крочи на сцената, настанаа вистински овации, а тој не го криеше воодушевувањето од моќната енергија.

&

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MONDO (@mondoportal)

nbsp;

„Здраво, Белград!“, извика Кравиц на општо задоволство на присутните, по што ја зеде својата електрична гитара и го започна концертот кој публиката со нетрпение го очекуваше.

Веќе со првите тактови настана ерупција од ентузијазам меѓу фановите кои пееја и танцуваа со својот миленик. Харизматичниот уметник уште еднаш докажа зошто важи за еден од најголемите рок изведувачи на денешницата, спојувајќи го моќниот вокал, врвната свирка и енергијата која освојува на прв тон, приредувајќи им на белграѓани и на сите гости вечер за паметење.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....