8.8 C
Скопје
08:13 - 23 март, 2026

СПАЈС ГРЛС СЕ ОБЕДИНУВААТ: Култниот бенд заедно ќе настапи на свадбата на Бруклин Бекам, облечени во креации од Викторија Бекам

Британската група Спајс Грлс – која се распадна во 2000 година и во која беше членка и Викторија Бекам – повторно ќе се обедини во април на венчавката на најстариот син на „Пош Спајс“.

Тоа ќе биде фараонска венчавка – со оглед на семејствата на младиот пар – и токму на овој голем настан е најавено повторното обединување на еден од најпопуларните бендови од деведесеттите. Имено, сите членки на „Спајс грлс“ (Ема Бантон, Гери Халивел, Мелани Чишолм и Мелани Браун, вклучувајќи ја и мајката на младпженецот, Викторија Бекам) ќе бидат присутни на свадбата на Бруклин Бекам (22) и Никола Пелц (27) која ќе се одржи  на 9-ти април.

фото Инстаграм

Меѓу поканетите гости на свадбата за сега се знае дека ќе бидат и супермоделката Џиџи Хадид, богатата наследничка Никол Ричи и семејните пријатели на Бекамови, готвачот Гордон Ремзи и неговата сопруга Тана.

И додека невестата ќе носи две модни креации од „Валентино“, дизајнерката Викторија Бекам им предложила на своите поранешни „колешки“ да ги обллече во нејзини креации во фустани од нејзината најнова колекција.

Фотографиите од свадбата пак, ексклузивно ќе бидат објавени во британски „Вог“.

Слични објави

Хороскоп за 23 март: Вагите ќе поттикнат креативна љубопитност, Стрелците ќе ги контролираат емоциите

Еспресо

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....