-3.2 C
Скопје
03:50 - 23 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Ментално здравје на работа – пат кон благосостојба

Работата игра важна улога во животот на луѓето, но исто така е извор на голем број ситуации кои вклучуваат доживувања од типот: стрес, мачнина, преголеми оптоварувања, конфликти со колегите, вознемирување на работното место и проблеми поврзани со менталното здравје.

Светската здравствена организација (СЗО) го дефинира менталното здравје како ментална благосостојба која им овозможува на луѓето да се справат со стресните моменти во животот, да ги развијат сите свои способности, да бидат способни да учат и да работат соодветно и да придонесат за подобрување на нивната заедница. Исто така, менталното здравје мора да биде составен дел од општата добростојба во компанијата која ќе им овозможи на истите да одлучуваат, да воспостават ред и соработка за да ги постигнат целите што си ги поставиле, односно за да постигнат личен и деловен успех. Сепак, често се игнорира значење на менталното здравје и начинот на кој тоа влијае на продуктивноста и профитабилноста на самите компании.

Работната средина може да се смета за еден од главните фактори кои директно влијаат на менталното здравје. Поволната работна средина обезбедува задоволство и придонесува за лична самореализација. Неповолната работна средина, од друга страна, доведува до појава на промени во менталното здравје. Веќе се покажа дека задоволните и здрави вработени многу подобро ги извршуваат своите задачи и веројатноста тие да останат, да се задржат во компанијата се големи. Спротивно на ова, оние вработени кои се континуирано под стрес, се справуваат со анксиозност или депресија на работното место, може да се соочат со сериозни проблеми, не само лични, туку тимски и генерално во организацијата. Поради оваа причина, преземањето мерки за превенцијата и третман на менталното здравје на работното место, придонесува за намалување на отсуствата, несреќите на работното место и други поврзани ситуации.

Менталното здравје е клучно за да се постигне благосостојба и да се најде здрава рамнотежа помеѓу физичките и емоционалните аспекти со кои се соочуваме секојдневно. Тоа задолжително треба да се гради активно, со изразување на емоции и давање простор на другите, за да можат и тие да го изразат она што ги боли, ги прави чусвителни или ги мачи. Клучно е да се размислува за овие аспекти и секако организациите да ја проценат и вреднуваат потребата за да се обезбеди поддршка, да се избегне стигматизирање и да се поттикне креирање и одржување на начини кои ги интегрираат, а не ги исклучуваат учесниците. Акцентот мора да се стави и на зајакнување на културата, вредностите и организациските принципи кои се интегративни и не ги ограничуваат нивните учесници.
Според Центарот за ментално здравје, на работното место секој петти вработен страда од депресија, а 70% од нив страдаат од намалена продуктивност, влошување на физичкото здравје и, во најлош случај, самоповредување.

Од друга страна, со преземање професионален и рефлексивен пристап, лидерите можат да помогнат во ублажувањето на стресот и да развијат психолошка отпорност неопходна за да бидат попродуктивни. Затоа, неопходно е да се креираат стратегии за вработените да учествуваат и, на тој начин, да управуваат со нивното ментално здравје, да научат за проблемот, да се вклучат и да дејствуваат за доброто на сите. Лидерите мора да бидат пример во развојот на поволно ментално здравје и во одвојувањето време да ја наполнат енергијата и да го инспирираат својот тим да го следи примерот.

Еден од главните начини за промовирање на менталното здравје на работа е да се поттикне здрава и корисна работна средина, каде што ќе чуствуваат безбедни и почитувани, место каде што се вреднувани и им се нудат можности за личен и професионален раст и развој. Покрај тоа, неопходна е емоционална поддршка, нудејќи услуги за психолошка поддршка и насоки (советување и/или терапии), поддршка за наоѓање рамнотежа помеѓу работата и личниот живот, и секако опција за флексибилни работни распореди, платени одмори и други активности кои ја олеснуваат благосостојбата. Исто така, многу е корисно да се понуди обука за теми поврзани со менталното здравје, неговото значење и начини за спречување и лекување.

Менталното здравје е витален аспект на благосостојбата на работното место. Затоа, работодавачите треба да преземат чекори за да ги идентификуваат факторите на ризик и да создадат системи за поддршка и програми за здравје и превенција за своите вработени. Неопходно е да се запамети дека менталното здравје на работа ја зголемува мотивацијата, концентрацијата и креативноста, што доведува до подобри перформанси. Исто така, помага во балансирање на личната и работната сфера, подобрување на квалитетот на животот на вработените, бидејќи доброто ментално здравје создава погодна и пријатна работна средина, што пак го зголемува задоволството, но и среќата на работа.

Тимот на психолози и психијатри во Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање за консултација и третман на сите ваши проблеми со менталното здравје. Закажете го вашиот термин на 02 3091 484

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....