15:08 - 3 април, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кога, како и зошто хистероскопија?

Денес многу жени чии професионални обврски наложуваат брзо да се вратат на работа, бараат алтернативни модалитети за замена на класичната хирургија и хистероскопијата е сè почест избор за решавање на нивните проблеми.

Д-р сци. Ирена Андонова, специјалист по гинекологија и акушерство

Гинеколошката интервенција – хистероскопија е микроинвазивна процедура за решавање на голем број гинеколошки заболувања. Со директна визуелизација на шуплината на матката со помош на камера, можат да се решат многу проблеми кои ги засегнуваат жените, а за кои предходно беше потребен класичен опертивен зафат.

Абнормалното крварење од матката е симптом кој постои кај 40% од жените кои доаѓаат во гинеколошките ординации. Некои од нив се третираат со хормонска терапија, но кај голем дел постои потреба за дијагностичка и терапевтска хистероскопска постапка. Истата се спроведува микроинвазивно со еднодневна хирургија и минимален период на опоравување. Денес многу жени чии професионални обврски наложуваат брзо да се вратат на работа, бараат алтернативни модалитети за замена на класичната хирургија и хистероскопијата е сè почест избор за решавање на нивните проблеми.

Опертивната хистероскопија е златен стандард за: отстранување на полипи од шуплината на матката, миоми кои се видливи во внатрешноста на матката, горење на слузницата на матката, која ја користиме кај жени кои завршиле со репродукција, и кои имаат обилни менструации кои пак доведуваат до анемија и општа слабост, како алтернатива за вадењето на матката.

Покрај оваа примена на хистероскопијата, денес таа има голем удел при третирање на пациентките со стерилитет. Со примена на хистероскопијата се решаваат проблеми како аномалии на утерус, како и преграда на матка со ресекција на истата.

Денес хистеророскопската хирургија има значајно место во секојдневната гинеколошка пракса носејќи со себе голем напредок во третманот на жените.

Во Клиника „Жан Митрев“ на располагање ви се најмодерните гинеколошки техники кои ги изведуваат искусни гинеколози. За да закажете термин за преглед јавете се во контакт центарот на 02/3091-484

Комерцијален текст.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....