23:00 - 9 ноември, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Атописки дерматит – егзема кај децата

Атопискиот дерматитис по дефиниција претставува хронично алергиско воспаление на кожата, со повремено влошување на состојбата. Обично се појавува меѓу третиот и шестиот месец од животот на детето и во повеќето случаи исчезнува по третата година. За жал, честопати и рецидивира, односно се појавува повторно. Причинителот не секогаш се утврдува. Најчесто, првите симптоми на болеста се поклопуваат со внесување на нови прехранбени намирници.

Како изгледа дете со атописки дерматит?

  • Детето има промена на кожата штое локализирана на конкретни места: на обравчињата, на екстремитетите, и тоа од дорзалната страна на шаките, лактите, колената.
  • На еритемна основа на кожата се јавуваат везикули кои брзо пукаат. Серозниот секрет од нив се суши и се создаваат крусти.
  • Кожата станува задебелена и груба односно се јавува лихенификација на тие места.
  • Промените на кожата се со чести ремисии и егзацербации, односно се повлекуваат и повторно се појавуваат.
  • Детето е вознемирено, раздразливо, со вцрвенети обравчиња и се чеша.
  • Сонот во текот на ноќта е нарушен.

Кај овие деца со атописка конституција, по третата година, може да се јави алергиски ринит кој станува особено изразен во шестата година, додека пак подоцна, во тинејџерските години, може да проградира и во астма.

Ваквиот прогрес на алергиските заболувања се вика алергиски марш и се јавува каскадно. Сепак, нема правило, односно, не значи дека клиничката слика кај едно дете ќе се одвива по овој тек. Тоа може и да запре во одреден стадиум.

Најдобро е за добивање конкретна и прецизна дијагноза и соодветно решение да се обратите кај искусните педијатри во Клиника „Жан Митрев“. За да закажете преглед во термин кој ви одговара, јавете се на 02/3091-484


Д-р Станислава Анѓелеска
Специјалист по педијатрија

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....