17:39 - 10 ноември, 2026

Сопствениците на британски Корги тврдат дека нивните кучиња ја оплакуваат Елизабета Втора

Сопствениците на британски корги објавија на социјалните мрежи најразлични објави во кои тврдат дека по смртта на кралицата нивните миленици почнале да се однесуваат поинаку затоа што тагуваат по Елизабета Втора, пренесува Дејли рекордс.

Сопствениците на корги ширум земјата велат дека нивните кучиња им се придружуваат на британскиот народ во жалоста за загубата на кралицата Елизабета Втора.

Во групата на сопственици на корги на Фејсбук , луѓето пријавуваат промени во однесувањето на нивните миленици, а многумина тврдат дека од смртта на Нејзиното Височество, нивните кучиња станале поприврзани и дека се однесуваа почудно од вообичаено.

Еден загрижен сопственик на корги: „Моето куче се обидува да ги слушне вестите на телевизија, се однесува чудно и постојано ми лежи во скут, што не се случило досега“. Друг, исто така, забележал промена во однесувањето на неговото куче: „Нашето корги е многу мирно откако се појави веста за смртта на кралицата“. Трет пак, додаде: „Моите кучиња се многу вознемирени поради смртта на кралицата, а исто така возбудени поради новиот крал Чарлс III“.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....