-4.2 C
Скопје
05:15 - 19 февруари, 2026

Сопругата на Брус Вилис се расплака по гестот на ќерката кон татко си: „Се претворив во море од солзи“

Една од најшокантните вести во светот на кинематографијата во последните месеци е дијагнозата на деменција на актерот Брус Вилис која стана вест на насловната страница поради влијанието врз љубителите на неговите филмови и особено откако се дозна дека тоа е болест која нема лек, но и тоа дека многу брзо напредува, што значи дека неговата состојба брзо уште повеќе ќе се влоши.

Не само што се засегнати фановите на неговите филмови, очигледно неговото семејство е она кое најмногу страда поради здравствената состојба на Брус, и неговата сегашна сопруга Ема Хеминг, како и неговата поранешна сопруга Деми Мур, но и сите негови деца, вклучително и најмладото од 9 години.

Од врската со Мур, со која живееја заедно 10 години, се родиле три ќерки: Рамер (34 години), Скот ЛаРу (31) и Талула Бел (29).

Вилис е со неговата сегашна сопруга Хеминг повеќе од една деценија, а имаат две мали девојчиња, Мејбел Реј (11 години) и Евелин Пен (9).

Сопругата на Брус преку својот Инстаграм профил се „исповедаше“ какви емоции разменила ќерката за својот татко.

„Морам да ви ја кажам оваа приказна и ќе се обидам да го направам тоа без да плачам, бидејќи кога Евелин ми ја раскажа оваа приказна, се претворив во море (од солзи)“, изјави британската манекенка.

Евелин ми рече пред некој ден „дали знаеше дека луѓето со деменција може сериозно да  дехидрираат? Реков не, и ја прашав од каде знае“.

Таа раскажа дека нејзината ќерка ѝ кажала дека барала информации за деменција на училиште, во слободното време што го имала.

„Реков: „Евилин, секогаш ќе се погрижиме тато да има при рака шише вода. Ти благодарам што ме извести“, раскажува Ема Хеминг.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....