16:39 - 13 ноември, 2026

СОНЧЕВ ДЕН ВО СОНЧЕВИОТ ДВОР НА ЛЕНКА СТОЈАНОВСКА: И да е студено, само со еден поглед на оваа убавина сонце ќе ве огрее!

Денес, во сончевото Скопје, уживаме во населбата Радишани, во сончевиот двор на Ленка Стојановска, кој се простира на 250 квадратни метри. 

Ленка по професија е педагог, а со цвеќарство се занимава поинтензивно со стапувањето во брак, пред 24 години. Аирлија, и за многу години! Имено, Ленка и сопругот имаат заедничката љубов кон цвеќето и заедно ја облагородуваат дворната површина.
фото – приватна архива
Во овој чудесен двор доминираат едногодишни и повеќегодишни убавици, но има и собни и саксиски цвеќиња.
– Сардели, петунии, импатијас, олеандри, воденки, хризантеми, копривки ,рози, дрво на животот, бенџамин, филадендрон, адами и многу други, објаснува таа.
Се разбира дека секоја убавина и задоволство си бара труд, во случајот на ова цветно семејство тоа се два часа во текот на денот. Секојдневно.
Следува прашањето – кое ѝ е омилено цвеќе? 
А таа со насмевка ни одговара:
– Омилено цвеќе? …Сите си ги сакам! Секое цвеќе си има своја посебна убавина и магија.
Студените денови се пред нас, но не грижете се, во текот на зимата цвеќињата се одлично згрижени, дома и во летната кујна.
– Се грижиме во зима цвеќињата да бидат на температура соодветна за нив и подеднакво на соодветна светлина, ни објаснува нашата домаќинка.
А, сега, совет за оние кои сакаат допрва да почнат да се бават со разубавување на двор, тераса, и воопшто со нега на цвеќе.

– За почетниците би им препорачала да почнат со цвеќе сардела, затоа што издржува високи температури кај нас, како и со дрво на животот, советува Ленка. 

Среќлии со ваков двор не се само членовите на ова прекрасно семејство, туку и преслаткото милениче Џина. Двојна топлина на душата.

Инаку, Ленка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

голем поздрав од Џина

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....