12:46 - 4 април, 2026

(Фото) Со овој фраер била Јелена Карлеуша кога упаднал Душко: „Таа е во врска со кошаркарот“

Пејачката Јелена Карлеуша се уште е во фокусот на јавноста откако неодамна во полиција го пријавила сопругот Душко Тошиќ за наводно насилство.

Ноќта кога спортистот наводно упаднал во вилата, Јелена била со другар, како што и самата кажа, а тоа всушност бил кошаркарот Никола Јовановиќ.

Како што открил добро упатен извор за српска Република, пејачката подолго време е во врска со кошаркарот, а тие редовно се посетуваат и гледаат, што во исто време било причина за бесот на Душко кога неодамна ги затекнал заедно во куќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Jovanovic (@nikolajovanovic)

– Јелена и Никола одлично се согласуваат и веќе некое време се гледаат. Тоа го знаат нејзините блиски, пријателите, дури и самиот Душко, но секого би изнервирала бучавата среде ноќ во куќата. Затоа и реагираше Душко, но Јелена не сака да зборува за сето ова – открива изворот за српска Република.

Потсетуваме, на самиот ден на драматичната ситуација во вилата, Јелена Карлеуша се огласи на социјалната мрежа Инстаграм:

– За да ја смирам прашината што се крена околу моите брачни прилики, ќе ги замолам сите да бидат со разбирање за приватноста на моето семејство и за тешкиот период низ кој поминуваме. Нема да давам изјави на оваа тема и жалам што јавноста беше информирана за ова. Одиме понатаму и ќе биде подобро. Мора да биде. Ви благодарам на сите – изјави пејачката.

Боки 13 ја поддржа Јелена Карлеуша по инцидентот со Тошиќ: „Нејзината храброст е инспирација“

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....