9.8 C
Скопје
14:27 - 31 март, 2026

„Смешен и подготвен на сè“: Комичарот Џими Кимел (по трет пат) ќе ги води Оскарите

Продуцентите Глен Вајс и Рики Киршнер се сигурни дека во оваа улога ќе биде „смешен и подготвен на се“.

Американскиот комичар Џими Кимел ќе биде водител на 95-тото доделување на Оскарите кое ќе се случува на 12 март 2023 година. Веста во понеделникот ја објави Асошиејтед прес (АП), цитирајќи ги организаторите на настанот.

Продуцентите Глен Вајс и Рики Киршнер изјавија дека се многу возбудени поради враќањето на Кимел и уверени дека тој ќе биде „смешен и подготвен на се“ како водител на церемонијата.

„Да ми се понудат Оскарите по трет пат е или огромна чест или некаква стапица. Во секој случај, благодарен сум на Академијата што ме покани толку брзо откако сите други ме одбија“, се пошегува самиот Кимел.

Кимел веќе беше водител на Оскарите во 2017 и 2018 година.

„Џими е совршен домаќин кој ќе ни помогне да објавиме неверојатни уметници и филмски наслови на 95-тата церемонија“, рече Бил Крамер, извршен директор на Американската академија за филмски уметности и науки.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....