9.8 C
Скопје
19:32 - 18 март, 2026

Славниот режисер Оливер Стоун застана во одбрана на Путин

Американскиот режисер и сценарист, 74-годишниот Оливер Стоун во екот на руската инвазија на Украина јасно стави до знаење на чија страна е. Трикратниот оскаровец во последните години не ја крие својата наклонетост кон рускиот претседател Владимир Путин, за кого сними и документарен филм.

Станува збор за четиричасовните „Интервјуата на Путин“, кои ги снимал од јули 2015 до февруари 2017 година, поради што добил дозвола од Путин да го следи и да снима додека ги извршува своите секојдневни активности.

Се чини дека тие двајца тогаш прилично се зближиле, бидејќи Стоун сега на социјалните мрежи ја коментираше војната во Украина и понуди неколку „анализи“, кои одат во полза на Русија. Режисерот смета дека треба да се разгледа „поширокиот контекст на руската инвазија на Украина“.

Тој тврди дека западните медиуми се хистерични за целата ситуација во Украина и дека многу гласно се жалат на постапките на Владимир Путин, додавајќи дека ги испуштаат клучните информации кога, како што вели, не им одговараат. Потоа наведе четири текста од светските медиуми за кои смета дека се искрени анализи на состојбите во Украина.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ е хит на Тикток, а сега призна: „Без него никогаш не би можел да ја наполнам Арената“

Е.А.

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо

Мајката на Жељко Јоксимовиќ за односот со Јована: „Не можеше да ми прости“

Еспресо

„Оперирана е, излезе од шок соба“: Лепа Лукиќ проговори за здравствената состојба на Зорица Брунцлик

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Теодора Џехверовиќ пронашла кученце покрај контејнер и го однела дома, сега нуди награда од 100 евра за некој да го посвои

Еспресо
Се вчитува....