19:52 - 2 февруари, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО УБАВА ВЕСТ: Летни температури, еве кога!

– Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, како и со услови за ретка појава на грмежи. Денес ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бележат тенднција на понатамошен пораст и денес ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, додека утре истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, потоа, за Христовото Воскресение – Велигден, времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи, како и засилување на ветерот. Што се однесува до температурите тие ќе бидат во поголем пораст и речиси ќе бидат ЛЕТНИ, и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели исите се очекува да се искачат дури и до околу 30 степени.

Утринските температури исто така ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 8 степени. Потоа по Велигден, односно до крајот на следната недела барем одсега гледано ќе се задржи доста топлото време, иако повремено ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна анализа на времето, промени во истата се можни. Затоа нашите метео анализи секојдневно можете да ги следете на интернет порталите на Слободен печат.мк и на Еспресо.мк, со што ќе бидете навремено информирани за секоја ново – настаната временска состојба.

Слични објави

„Секој дома има свој тоалет, дури и жените што готват“: Вики Миљковиќ „плива“ во пари

Еспресо

(Видео) Првично бил во фолк-водите: Ќе се изненадите како звучел Тоше Проески на почетокот

Еспресо

Јована Јеремиќ уценувана со фотографии на кои е гола: Барале 20.000 евра, водителката се огласи

Еспресо

„Не сме добредојдени во сопствената земја!“: Драган Бјелогрлиќ со шокантна изјава за српските колеги од „Свадба“

Еспресо

(Видео) Џастин Бибер се појави речиси гол на Греми: „Не му е добро, нека му помогне некој!“

Еспресо

(Видео) Скандал на аеродромот: Сопругот на Каја Остојиќ не сакал да ѝ отвори врата, таа врескала!

Еспресо
Се вчитува....