11:25 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Сонцето ни се насмевна, ама ќе се скрие повторно, еве кога!

– За време на овој викенд ќе имаме повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаби локални
врнежи од дожд и снег на планините. Денес ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието
повремено засилен ветер од северен правец. Сепак температурите и понатаму ќе бидат
натпросечно високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17
степени, додека мало опаѓање на температурите ќе има од утре кога температурите ќе се
искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Потоа во првите денови од следната недела и понатаму ќе имаме повеќе облачност, а ќе има
услови и за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, и тоа особено во западните
предели. Повеќе сончеви периоди ќе имаме од средината на неделата. Температурите во
првите денови од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека
потоа ќе бележат тенденција на пораст и во најтоплите предели. Кон крајот на работната
недела не се исклучува можноста максималните температури да се искачат до околу 20
степени, што значи дека ќе бидеме под влијание на топол бран од југ.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....