6.8 C
Скопје
07:35 - 18 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пред нас се многу студени утра, еве од кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд, а ќе дува и слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Според Попоски, утре ќе се задржи променливо облачно и уште посвежо време со услови за локален краткотраен дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен, особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Од четврток ќе имаме целосно стабилизирање на времето, додека наутро ќе биде доста студено кога минималните температури понекаде ќе се спуштат дури до 0 степени. Максималните пак до четврток ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени, а од петок, па за време на викендот ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, вели Попоски.

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....