18:28 - 11 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Поголемо заладување и пак – дождови, еве кога!

– Како што најавивме до петок времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени. Во сабота ќе има постепено зголемување на облачноста и ќе има појава на слаб локален дожд, додека повеќе врнежи од дожд и ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето ќе има во недела.

На планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег а сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион до петок времето ќе биде претежно сончево и топло а температурата ќе се искачи до околу 22 степени. Во сабота ќе има постепено зголемување на облачноста и доцна попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд, додека поголем пад на температурите и повеќе врнежи ќе има во недела, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец – заклучува Попоски.

Слични објави

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава трогна многумина

Еспресо
Се вчитува....