7.8 C
Скопје
06:41 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Голем пад на температурите и многу дожд, еве од кога

– Денес времето во Македонија ќе биде облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Сепак, најинтензивни врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде локално ќе наврнат дури над 50 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски и додава дека од денес на сушата дефинитивно и доаѓа крајот, односно имаме многу дожд и голем пад на температурите!

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и значително постудено со врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Според Попоски и во следните денови времето ќе се задржи облачно и доста СВЕЖО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на снег. Ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

– И во скопскиот регион во следните денови ќе се задржи облачно и доста свежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 15 степени, најавува Попоски.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....