06:58 - 3 април, 2026

Славчо Попоски прогнозира до кога ќе врне

– Под влијание на влажна и СВЕЖА воздушна маса од север, се до крајот на оваа, како и во почетокот на следната недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно СВЕЖО за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот. Ќе има и повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Од утре, па во деновите потоа ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во почетокот на следната седмица ќе има и локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Наутро температурите на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени, а максималните дневни температури на воздхот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, а во југоисточните предели истите повремено ќе се искачуваат и до 20 степени.

Во Скопје и околината исто така продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Од утре ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.

За Африканска топлина и понатаму ќе се изначекаме. Засега нема на видик таков топол бран, како што доликува за овој период од годината. Постојат некои услови дека и до самиот крај на овој месец да не очекуваме никаков Африкански топлотен бран – вели метеопрогнозерот Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....