7.8 C
Скопје
06:38 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Денови на голема суша, температури необични за периодов!

– Топлотен бран од југ и значително повисоки температури од просечните ќе ја одбележи новата седмица која што ни претстои. Температурите во текот на оваа седмица, повремено ќе бидат дури и за околу десет степени повисоки од нормалните за овој период од годината, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Попоски акцентира дека времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, што значи дека ГОЛЕМАТА СУША продолжува и во текот на оваа седмица. Ќе дува и слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Минималните температури во текот на следните денови ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Скопскиот регион, во текот на следните денови температурите исто така ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 33 степени.

– ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ: Со оглед на тоа дека и понатаму продолжуваат вистинските летни температури, следните денови и со ЗГОЛЕМЕН ИНТЕНЗИТЕТ – ви препорачуваме МАКСИМАЛНО да ги искористете за прошетки, и секако за одмори (кој може да земе од своето работно место) и плажирање во нашите прекрасни езера, предлага Попоски.

Ув индексот и понатаму ќе има УМЕРЕНО ВИСОКА вредност (коефициент 6).

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....