9.8 C
Скопје
14:02 - 27 март, 2026

Славчо Попоски: Невообичаено високи температури до 19 степени, еве кога!

– Ветерот кој го имаме ќе продолжи се до сабота и повремено повторно ќе биде засилен на интензитет и од јужен и југозападен правец. Денес во западните предели се уште ќе има слаб локален дожд, додека утре ќе биде претежно стабилно и суво а нови врнежи од дожд ќе има во сабота.

Поради СИЛНОТО јужно и југозападно воздушно струење од Сахара кон нашата држава во следните неколку денови ќе се врши транспорт на прашина и песок, додека температурите ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој дел од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Пад на температурите на воздухот ќе има повторно од недела, но детална анализа околу ова следува овие денови.

Во Скопје и околината температурите во следните денови ќе бидат НАТПРОСЕЧНО високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 до 14 степени. Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд во сабота. Ќе дува југоисточен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin
Се вчитува....