09:05 - 4 април, 2026

Славчо Попоски најавува врнежи претежно од снег, еве кога

– До крајот на оваа недела повремено, и тоа особено во текот на претстојната ноќ и повторно во сабота ќе има локални врнежи претежно од снег и тоа со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет.
Во некои од пониските места ќе има врнежи од дожд и снег или влажен снег. Утре, како и за време на викендот на повеќе места ќе дува умерен до засилен, а особено долж Повардарието и на југоисток повремено силен ветер од северен правец.
Во Скопје исто така во текот на претстојната ноќ, како и во сабота ќе има локални послаби врнежи од дожд и снег. Утре, како и за време на викендот и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 12 степени- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
За повеќе метео информации заследете го профилот на Попоски – ТУКА. 

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....