7.8 C
Скопје
20:14 - 30 март, 2026

Славчо Попоски најавува температури до 40 степени, УВ индекс екстремно висок – околу 10

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално, и тоа особено во западните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 36 степени. Потоа и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат и до 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10 – вели метео прогнозерот Попоски.

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....