14.8 C
Скопје
11:34 - 26 октомври, 2026

Славчо Попоски најавува сончево време со мала локална облачност

Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, додека од утре истите ќе бележат тенденција на пораст. Особено топло ќе биде од четврток, како и за време на викендот кога температурите речиси насекаде ќе надминуваат 35 степени и тогаш ќе бидеме под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран од Африка. Исто така од четврток како и за време на викендот во најтоплите предели температурите ќе се искачат до 40 степени, а локално истите ќе надминуваат дури и 40 степени.

Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Во Скопје и околината исто така продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите и тоа особено од четврток па натаму ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и истите ќе се приближат близу 40 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари.

Слични објави

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.

Есенски појадок за 10 минути — кремаста овесна каша со јаболка, мед и цимет

К.С.

Дневен хороскоп за 26 октомври: Внимавајте на роковите што ги одложувавте

apostolova

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.
Се вчитува....