11:53 - 6 април, 2026

Славчо Попоски најавува сончеви денови, дали ќе имаме и снежна идила?

– Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот во недела и тоа особено долж Повардарието ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Во недела исто така краткотрајно облачноста ќе се зголеми и особено во северните и северозападните планински предели ќе провејува слаб снег.

Во текот на следната недела ќе продолжи стабилното, суво и сончево време без врнежи (СУШЕН ПЕРИОД).

Наутро температурите и понатаму ќе бидат НИСКИ и особено во Малешевијата и во северозападните високи планински предели ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени. Преку ден студот ќе попушти, што значи ќе биде малку потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Натпросечно високи температури ќе имаме следната недела кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Само во недела ќе има повеќе облачност и особено на околните планини локално ќе има услови за провејување на сосема слаб снег. Особено во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -8 и -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 8 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....