15:49 - 3 април, 2026

Славчо Попоски најавува снег на планините, порој во градовите, температури пониски за неверојатни степени!

– Во следните часови постепено од запад облачноста ќе се зголемува низ Македонија. Максималните темпратури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 23 степени.

Во Скопје и околината исто така во следните часови облачноста постепено ќе се зголемува. Максималната температура ќе се искачи до околу 23 степени. За време на овој викенд како што веќе најавивме нашата територија ќе биде под влијание на Медитерански циклон. Истиот ќе услови врнежи од дожд насекаде низ Македонија.

Локално врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и ПОРОЈНИ и ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (околу 40 л/м2). Ќе дува засилен, повремено и локално СИЛЕН ветер од југоисточен правец (над 70 км/час).

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат (дури за околу 10 степени во споредба со сегашните. Најсвежо ќе биде во недела кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. За време на овој циклон ќе има услови и за ретка појава на грмежи, додека на највисоките планински врвови ќе има услови за провејување на снег, вели метеопрогнозерот Попоски.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....