4.8 C
Скопје
06:54 - 24 март, 2026

Славчо Попоски најавува: Разладување со пороен дожд, проверете кога

– Во текот на утрешниот ден, како што и најавивме ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО време, меѓутоа кон крајот на денот и навечер, локално и тоа особено во северната половина од државава ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопје и околината утре ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО, меѓутоа кон крајот на денот и навечер во делови од котлината ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура утре во Скопје ќе се искачи до околу 30 степени.
Според Попоски,  во среда и четврток под влијание на посвежа воздушна маса од север, температурите ќе опаднат за неколку степени а во среда ќе дува и засилен ветер од северен правец.Исто така во среда сеуште ќе има услови за повремен локален дожд проследен со грмежи. Што се однесува до температурите, тие во среда ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, додека уште малку посвежо ќе биде во четврток кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Нов пораст на температурите се очекува веќе од петок, и тоа поради влијанието на новата МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....