04:46 - 7 април, 2026

Славчо Попоски најавува: Постудени утра, а потопли денови

– Нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде сончево и релативно топло преку ден со мала до умерена локална облачност.

Денес ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. За време на викендот пак по котлините и речните долини ќе има појава на магла, особено во утринските и раните претпладневни часови.

Наутро и понатаму ќе биде релативно студено со минимални температури кој особено во Малешевијата ќе се спуштаат за неколку степени под нулата, и тоа особено во петок.

Максималните температури до сабота нема многу да се менуваат, додека од недела па во текот на следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ и над просекот кога ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. За време на викендот и тоа особено во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 1 и 8 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 22 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....