22.8 C
Скопје
14:22 - 2 мај, 2024

Камила го вклучи бившиот сопруг во кралското семејство: Додека биле во брак не им пречело тоа што се изневерувале

Кралицата сопруга Камила уште еднаш покажа во колку добри односи е со нејзиниот поранешен сопруг Ендрју Паркер Боулс.

Како што пишува „Daily mail“, таа го вклучила пензионираниот војник во извршувањето на должностите на кралското семејство. Ендрју минатиот вторник во Лондонскиот ораториум ја претставуваше Камила на погребот на Џон Боус-Лион, нејзин втор братучед.

Ова е интересен потег на кралското семејство по објавата на кралот Чарлс Трети дека планира да го намали бројот на членовите на монархијата. Наводно ова е прва во низата обврски што ќе ги преземе Ендрју.

-Среќен е што може да направи нешто што се бара од него. Тој и понатаму ужива во блиската врска со Камила, изјави изворот близок до семејството.

Инаку, Камила се разведе од Ендрју во 1995 година, а заедно добија две деца.

-Се вели дека англиски џентлмен секогаш ќе ја даде сопругата за својата земја и тоа секако беше точно во случајот со Ендрју Паркер Боулс, напиша за него еден кралски биограф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royalisticism (@royalisticism)

Кралот Чарлс Трети и Камила Паркер Боулс се во брак од 2005 година.

Камила и Чарлс се запознале во 1970 година на поло натпревар во Големиот парк Виндзор, но тогаш не се вљубиле. Всушност, таа го искористила принцот, како што откри биографката Пени Џунор, да го направи Ендрју љубоморен.

Тој сакал да флертува и да се забавува со други девојки, а често тоа биле пријателките на Камила. Не сакал да има сериозна врска со неа.

-Кога ја запознаа со принцот и тој мислеше дека е прилично интересна, таа реши да му одржи лекција на Ендру кој се плеткаше со принцезата Ана. Затоа имаше кратка романса со Чарлс, откри Џунор. Тогаш Чарлс се вљубил во неа, но таа набрзо му раскинала.

Причината за раскинувањето бил Ендрју кој раскинал со принцезата Ана и се вразумил, а Камила му дала нова шанса. Тие се венчаа на 4 јули 1973 година, а меѓу гостите беа и принцезата Ана и нејзината мајка, кралицата Елизабета Втора.

Потоа ги добија ќерката Лаура (44) и синот Том (47), а ниту еден од нив не се обиде да го одржи заветот за верност во тој брак. Уште поинтересно е што тие знаеле за аферите и тоа не им претставувало никаков проблем, ниту пак размислувале за развод.

Но, колапсот на бракот сепак се случи бидејќи романсата на Камила со Чарлс се појави во јавноста. Ендрју, кој тогаш имал афера со Розмари Питман, одлучил да поднесе барање за развод, кој се реализираше во 1995 година, по 22 години брак.

Тој се ожени со својата љубовница Розмари една година подоцна. Таа почина од рак во 2010 година, а Камила се појави на последното испраќање и му даде поддршка на поранешниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royalisticism (@royalisticism)

Слични објави

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Како скриена камера: Здравко Чолиќ се венчал на 1 мај, еве и како

еспресо
Се вчитува....