15:38 - 3 април, 2026

Славчо Попоски најавува пороен дожд по многу топлото време

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Доцна попладне и навечер и тоа во северните предели ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 37 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, а во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Поголеми услови за нестабилност и на повеќе места ќе има утре и во четврток, кога ќе има услови за појава на локално НЕВРЕМЕ. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени. Пад на температурите за неколку степени ќе има само во петок.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....