7.8 C
Скопје
04:26 - 2 април, 2026

Славчо Попоски најавува многу сонце!

– Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност. Само во четврток и тоа во планинските предели локално ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека наутро по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека во југоисточните предели истите се очекува да останат над 10 степени.

Максималните дневни пак и понатаму ќе бидат НЕВООБИЧАНО ВИСОКИ за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30 степени.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и претежно сончево време. Наутро во котлината ќе има услови за појава на магла а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 7 и 8 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23 и 25 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....