02:00 - 25 февруари, 2026

Славчо Попоски најавува мал пад на температурите, еве кога пак ќе бидат пак „пеколни“

– Во почетокот на новата недела која што ни претстои и покрај малиот пад на температурите, сепак и понатаму ќе имаме МНОГУ ТОПЛО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, но истите од средината на неделата повторно ќе бележат тенденција на пораст и во најтоплите предели ќе се искачуваат до околу 40 степени. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде денешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, заислен ветер и услови за изолирана појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Во Скопје исто така ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време, со услови за ретка појава на нестабилност денес попладне. Температурите ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 37 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА, до ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува коефициент некде помеѓу 9 и 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности – советува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....