09:21 - 6 април, 2026

Славчо Попоски најавува краткотрајно невреме во Скопје, низ Македонија интензивни врнежи

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од западен и од северозападен правец, а во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е појава и на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО, но и понатаму ќе има услови за повремена и локална нестабилност. Во сабота повторно ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, а температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. Малку пониски температури ќе имаме утре, кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и во следниот период ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности- вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Голи раменици, без градник: Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо
Се вчитува....