03:00 - 7 април, 2026

Славчо Попоски најавува кога доаѓа ПРОМЕНА на времето

– И во поголемиот дел од оваа недела продолжува периодот на стабилно, суво, сончево и НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец а само денес ветерот ќе биде од северен и од североисточен правец и истиот ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23 и 25 степени. Да напоменеме дека и наутро ќе биде ПОТОПЛО со минимални температури кои насекаде ќе бидат над нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени а во југоисточните предели локално истите се очекува да останат малку над 10 степени.

РАНА НАЈАВА: Ако вака останат работите, околу 5 Ноември доаѓа ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето, односно ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, врнежи од дожд, засилен северен и северозападен ветер и врнежи од снег на планините. Состојбата континуирано ќе се следи околу ова и понатаму и навремено ќе информираме за секоја ново – настаната временска состојба.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....