6.8 C
Скопје
08:19 - 1 април, 2026

Славчо Попоски најавува какво време ќе имаме следната седмица: Разочарани сте?

Во текот на целата наредна седмица и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, и на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса, времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО нестабилно, со честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (дури над 20 л/м2 за многу кратко време), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.  Постои опасност од нови ГОЛЕМИ ПОРОЈНИ поплави, па затоа АПЕЛИРАМЕ во случај на појава на НЕВРЕМЕ, граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје и околината исто така под влијание на циклонот од Средоземјето, ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината постои опасност од појава на НЕВРЕМЕ (интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град). И во делови од Скопската котлина исто така постои опасност од локални поројни поплави (значително количество на воден талог за кратко време).

Температурите на воздухот во првите денови од следната седмица ќе бележат тенденција на пад, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25, 26 степени, а потоа истите ќе бидат малку повисоки.

НАПОМЕНА: Поради очекуваните интензивн и врнежи, во следниот период се очекува ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, дури е можно и излевање на некои од помалите реки низ државава. Инаку во текот на следната седмица, постои опасност од големи поплави низ целиот регион. како резултат на влијанието на циклонот од Средоземјето – вели Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....