13:23 - 12 март, 2026

Скандали, неверства, смирување по 17 години: Овие познати парови ја одбележаа 2021 година!

Вестите за новата врска меѓу Зои Кравиц и Ченинг Тејтум, но и за обновувањето на врската меѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек, која беше наречена Бенифер, како и многу други, ја обележаа 2021 година.

1. Бен Афлек и Џенифер Лопез

џенифер лопез, бен афлек
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Овој пар по долги години реши повторно да и даде шанса на својата романса, па беа вистински ѕвезди на црвениот тепих, но и на фотографиите на папараците, на кои разменуваат нежности. Без сомнение, тие двајца се хит на социјалните мрежи оваа година.

2. Зои Кравиц и Ченинг Тејтум

Profimedia

Нивната врска е големо изненадување пред крајот на оваа година, а нивното прво заедничко појавување беше на Мет Гала.

3. Ријана и АСАП Роки

По неколкумесечни шпекулации, уметникот во интервју за магазинот GQ призна дека е во врска со Ријана, која ја нарече љубов на својот живот.

Profimedia

4. Мајкл Б. Џордан и Лори Харви

Ова е ера на објавување врски преку Инстаграм, каде што дознавме и за оваа врска. Ако ги погледнете објавите што ги споделуваат, изгледа дека живеат вистинска идила.

Profimedia

5. Меган Фокс и Машин Ган Кели

Меган Фокс повторно е среќна во љубовта, покрај музичарот со кој често ги усогласува модните комбинации. Нивната врска е придружена со интересна приказна за тоа како се запознале.

Фото: Принтскрин

6. Хари Стајлс и Оливија Вајлд

На крајот уште една романса која не беше на повидок, но делува хармонично и засега опстојува. Актерката е чест гостин на концертите на својот избраник, кога без двоумење го изразува своето воодушевување од неговите настапи.

Слични објави

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin
Се вчитува....