6.9 C
Скопје
04:28 - 1 април, 2026

СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ГАЛ ГАДОТ: Актерката блесна на премиерата на „Red Notice“, само четири месеци по породувањето

гал гадот

Актерката Гал Гадот блесна на премиерата на долгонајавуваниот филм „Red Notice“ во продукција на „Netflix“. За таа специјална прилика Гадот се појави облечена во црвен фустан со секси крој. Актерката покажа завидна линија на црвениот тепих само четири месеци по породувањето.

Гадот за премиерата на филмот во Лос Анџелес се одлучила за прекрасниот црвен фустан од колекцијата на „Loewe“ за пролет 2022 година.

гал гадот
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Блескавиот изглед го комплетирала со накит од „Tiffany & Co.“ носејќи обетки од платина со повеќе од 15 карати дијаманти и нараквица со сини турмалини.

гал гадот
Гал и нејзиниот сопруг Јарон / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Актерката на премиерата пристигна во друштво на својот сопруг Јарон Варсан, а секако, одвои време и да се фотографира со своите колеги Рајан Рејнолдс и Двејн Џонсон.

Рејнолдс исто така се одлучил за црвената боја за премиерата, облечен во црвен кадифен костум од брендот „Armani“, додека Џонсон пак, носеше одело „Ralph Lauren Purple Label“ во боја на слива.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot)

Продукцијата на филмот „Red Notice“ кој воедно е и најскапиот проект на „Netflix“ до сега, беше стопирана на 14 март 2020 година, токму кога ескалираше пандемијата на ковид-19 во САД. Работата на филмот продолжи неколку месеци подоцна, во септември во Атланта, во услови на строги протоколи.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....