17.8 C
Скопје
10:33 - 28 април, 2024

Сите болести на Кејт Мидлтон: Пред ракот имала голем број други проблеми

По многубројните теории и шпекулации за состојбата на Кејт Мидлтон, принцезата конечно проговори и откри дека боледува од канцер. Имено, таа призна дека има рак и се надева на брзо закрепнување.

Во јануари, Кејт Мидлтон беше примена во болница во Лондон на планирана операција на абдоменот, по што се врати дома во Виндзор за да продолжи да закрепнува. Сепак, лекарите го откриле ракот по операцијата. Од палатата не соопштуваат за каков вид на рак се работи и во која фаза се наоѓа и побараа од сите да се воздржат од шпекулации.

Во видео-пораката објавена на социјалните мрежи, Кејт откри дека нејзината дијагноза „дојде како голем шок“, но дека сега е во „рана фаза на превентивна хемотерапија“. Пред да ѝ биде дијагностициран рак, таа имала други болести.

Инстаграм

Лузна од 8 сантиметри на главата

Кејт има лузна од 8 сантиметри на левата страна од главата од кога била дете. За првпат беше забележана во 2011 година за време на нејзината прв кралски ангажман. Во официјалното соопштение, палатата нагласи дека „лузната е поврзана со операција во детството“, но дека деталите за операцијата се приватна работа.

Кралските извори потврдија дека станува збор за „многу сериозна операција“, но одбија дополнителни коментари. Сепак, хирурзите тогаш рекоа дека лузната веројатно не е резултат на тумор и дека можеби е предизвикана од отстранување на бенка, пишува Стил.

Утринска мачнина

Во 2013 година, принцезата помина три дена во болница поради тешки утрински мачнини додека беше бремена со Џорџ. Таа беше примена во приватна болница каде што кралското семејство се лекува повеќе од еден век.

Додека била бремена со Шарлот и Луј, таа често повраќала, а подоцна изјави дека се бори против ваквите симптоми со медитација и техники на длабоко дишење.

Поради ваквата состојба, таа уште пред 12-та недела ја најави втората и третата бременост, што се смета за своевиден излез од најкритичната фаза од бременоста.

Оваа состојба може да доведе до тешка дехидрација и ги става на ризик и мајката и бебето да бидат лишени од основните хранливи материи. Пациентите можат да повраќаат и до 30 пати на ден, со опасни последици.

спорната фотошопирана фотографија на Кејт долеа масло врз огнот, инстаграм

Абдоминална хирургија

Принцезата беше подложена на абдоминална операција во јануари и помина две недели во болница пред да биде примена во лондонската клиника Мерилебон и да се врати дома во Виндзор за да продолжи да закрепнува со поддршка од семејството. Тогаш се сметаше дека нејзината состојба не е канцерогена, но не беа дадени други детали за операцијата. Беше најавено дека закрепнувањето ќе трае два до три месеци.

Нејзиното отсуство од јавноста предизвика бура на социјалните мрежи и бројни неосновани теории на заговор. Се тврди дека најмалку еден член на персоналот на клиниката во Лондон се обидел да пристапи до нејзините медицински досиеја. Тројца вработени во Клиниката се суспендирани додека трае истрагата во болницата.

Дијагноза на рак

Кејт минатата недела откри дека е во „рана фаза“ на лекување од неодреден облик на рак. Ниту еден од тестовите пред операцијата не потврдил присуство на малигнитет, но тестовите по него го покажале спротивното. Таа додаде дека нејзиниот медицински тим ја советувал да оди на превентивна хемотерапија.

„Ова, се разбира, дојде како огромен шок, а Вилијам и јас правиме се што можеме за да го процесуираме и да го задржиме во приватност заради нашето семејство“, додаде таа.

Кејт им оддаде почит и на другите чии животи биле погодени од рак.

„На сите кои се соочуваат со оваа болест, во која било форма, им порачувам да не губат верба или надеж. Не сте сами“, рече таа.

Каков тип на канцер има Кејт Мидлтон и какви се шансите за опоравување: Еве што се знае засега

Слични објави

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо

Денес се Цветници, единствен празник на кој треба да се работи

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо
Се вчитува....