7.8 C
Скопје
23:23 - 31 март, 2026

Синовите на Памела Андерсон зборуваат за влијанието на скандалот со секс снимката на мајка им врз нивните животи: „Барем нешто да заработеше од тоа, а таа цел живот е во долгови“

Синовите на актерката и модел Памела Андерсон и музичарот Томи Ли зборуваа за разорното влијание на скандалот со секс снимките на родителите врз нивните животи.

Најстариот син Брендон, роден во 1996 година, откри во документарниот филм на Нетфликс, „Памела, љубовна приказна“, дека бил вклучен во тепачки поради минатото на мајка си.

„Кога бев дете, отсекогаш мислев дека сите знаат работи за мене и за моето семејство што навистина не треба да ги знаат, сите ја знаат оваа мала валкана тајна за моето семејство“, сподели тој.

Најмладиот син на парот, Дилан, кој сега има 25 години, исто така беше длабоко повреден од инцидентот.

Но Памела објаснува: „Кога работев за Плејбој, не мислев дека наскоро ќе имам деца, тие ќе пораснат и ќе се срамат од мене“.

Таа истакна дека размислувала да им каже на синовите за нејзината работа кога ќе бидат на соодветна возраст, но тие дознале за тоа порано.

„Се сеќавам дека еден ден по училиште Дилан ми пријде облеан во солзи и ме праша: „Зошто го сними тоа видео?“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dylan Lee (@dylanjaggerlee)

Најмладиот син на актерката и модел рече, дека мајка им, сепак, секогаш го става семејството на прво место.

„Работите би биле поинакви ако таа заработи многу пари од тоа видео“, рече тој, додавајќи дека луѓето заработуваат милиони долари за такви „сцени“, но Андерсон не заработила речиси ништо.

Најстариот син на Андерсон истакна дека би бил посреќен доколку таа заработила цело богатство, како Ким Кардашијан, чија секс снимка објавена во 2007 година ѝ помогна да стане реалити ТВ ѕвезда и милијардерка.

„Наместо тоа, таа седеше и гледаше како нејзината кариера исчезнува во воздухот. Таа е во долгови поголемиот дел од својот живот“, рече тој.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....