05:35 - 4 април, 2026

Претепан синот на Снежана Ѓуришиќ: Сосед му ги скршил ребрата!

Марко Гвозденовиќ (46), син на познатата српска фолк пејачка Снежана Ѓуришиќ, бил итно примен во болница откако бил брутално претепан во еден стан на Врачар во Белград, дознава српски „Телеграф“.

Според неофицијални информации од истрагата, инцидентот се случил во неделата, 15 февруари, во попладневните часови кога Гвозденовиќ отишол да го посети својот сосед.

Под околностите коишто сè уште прецизно се утврдуваат, меѓу двајцата мажи избувнала жестока расправија, која набрзо ескалирала во физичка пресметка.

Извор близок до истрагата наведува дека соседот физички го нападнал Гвозденовиќ и му задал повеќе удари. Со лекарскиот преглед се констатирани сериозни повреди – скршени ребра.

Гвозденовиќ е свесен, комуникативен и во моментот е во стабилна состојба, но е задржан за понатамошна дијагностика.

По повод со овој инцидент, надлежните органи веднаш реагирале. Како што дознава „Телеграф“, истрагата за целиот случај ја презело Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Обвинителството наложило собирање на сите потребни докази, земање изјави од учесниците и сведоците, како и доставување на медицинска документација за степенот на повредите што ги претрпел Гвозденовиќ. Се очекува против напаѓачот да биде поднесена соодветна кривична пријава во редовната постапка или да се определи притвор, во зависност од понатамошните наоди од истрагата.

 

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....