4.8 C
Скопје
21:49 - 25 декември, 2024

СИНОТ НА МАЈКЛ ЏЕКСОН ПРОГОВОРИ ЗА СВОЈОТ ТАТКО: Славата не е негов приоритет

биги џексон

Најмладиот син на починатиот крал на поп-музиката Мајкл Џексон се најде во центарот на вниманието за да ги истакне климатските промени.

Биги Џексон – кој е роден како Принц Мајкл Џексон Втор и порано познат како Бланкет – имаше ретко ТВ-појавување за да ги повика светските лидери да преземат акција, следејќи ги стапките на неговиот покоен татко како заштитник на животната средина, пишува „PageSix“.

Деветнаесет годишното момче зборувало во емисијата „Good Morning Britain“ во понеделникот на трилер-забавата на неговиот брат принц Џексон за Ноќта на вештерките, која собра средства за фондацијата „Heal Los Angeles“ и се одржа на имотот на нивното семејство во Лос Анџелес, Калифорнија.

„Мислам дека е важно сите да знаеме за тоа“, рекол Биги за климатските промени во пресрет на самитот COP26 на Обединетите нации. „И мислам дека имаме работа за извршување, но нашата генерација знае колку е тоа важно.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by parisjackson (@parisjacksondaily___)

Инаку, тинејџерот Биги се држи подалеку од центарот на вниманието по смртта на неговиот татко во 2009 година.

„Има многу историја во оваа куќа и студио. Тоа е сè што тој сакаше. Тоа е сè што секој од нас сака да направи – да направи работи во кои луѓето ќе можат да уживаат и што ќе им донесе одредена корист“, рекол тој.

Биги имал седум години кога починал неговиот татко, по што го одгледале неговата баба Кетрин, како и неговиот брат и сестра Парис (23). Во моментот живее во куќа од 6.300 квадратни метри во Калабасас, Калифорнија, која ја купил минатата година, а се наоѓа во ексклузивна населба каде што свои имоти имаат и Џон Траволта и Д-р Дре.

Шармантниот 19-годишник уште во 2012 година во документарниот филм „Jacksonology: Our Story“ изјави дека не планира да ги следи музичките стапки на својот татко. Денес тренира боречки вештини и се занимава со играње видео игри.

„Понекогаш одев во собата на татко ми додека тој се подготвуваше за настап и го гледав. Тој беше добар, многу добар танчер. Јас не умеам да танцувам ниту да пеам. Не сум тип кој знае да пее и да танцува Кога ќе пораснам, сакам да бидам режисер, затоа што е забавно, а сега снимам кратки филмови кога сум дома со роднините и пријателите. Татко ми ми рече дека е добро да го следам она што сакам да го правам“, рекол тој своевремено.

Да потсетиме, Биги, неговиот брат и сестра во детството, додека Мајкл Џексон беше жив, најчесто се појавуваа со маска на лицето, бидејќи пејачот сакаше нивниот идентитет да остане таен за да имаат нормално детство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bigi Jackson (@nosckajigib)

Инаку, Џексон го доби третото дете на 21 февруари 2002 година, а го роди сурогат-мајка непозната за јавноста. Мајкл го нарече синот Бланкет, а во 2017 година момчето призна дека со години минува низ врсничко насилство поради тој прекар.

Да потсетиме, Мајкл Џексон му го покажа Биги на целиот свет кога го крена високо над оградата на терасата на еден хотел во Берлин. Интересно е и тоа што токму Биги е детето кое најмногу потсетува на Џексон, барем пред пластичните операции.

Слични објави

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Еспресо

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо

Ова се најскапите свадби на српската естрада: Милиони евра, лимузини, специјалиети и светски креации

Еспресо

(Фото) Се стегна во зимско одело: Јована Јеремиќ скија со дијамантскиот прстен на рака, ја диктира модата и на снег

Еспресо

Интервју со д-р Дејан Ставриќ, пионер на фако хирургијата во Македонија: Катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи

Еспресо

(Видео) Вељко Ражнатовиќ на Копаоник со поранешната: Сè „пука“ од романтика, тој ја бакнува Богдана, таа го бакнува српскиот фудбалер

Еспресо
Се вчитува....