15.8 C
Скопје
14:16 - 22 март, 2026

СИЕНА МИЛЕР ЗА ЖЕШКИТЕ СЦЕНИ СО БЕН АФЛЕК: Имавме нула хемија, едвај го гледав

Холивудската глумица Сиена Милер зборуваше за соработката со актерите што биле нејзини партнери на екранот: „Сите беа одлични, нели?“, рече таа.

На прашањето за соработката со Афлек (49) во гангстерскиот филм напишан и режиран од самиот актер, Милер рече дека за време на снимањето тој „и бил како брат“.

„Никогаш во животот не сум се смеела толку многу. Тоа звучи како колку да се каже нешто смешно, но јас навистина го мислам тоа, изјави актерката.

–Сепак, „имавме нула хемија. Беше хистерично. Требаше да бидеме вљубени, но не можевме да си бидеме помалку привлечни еден на друг. Тој има огромна глава, јас имам мала, па мораа да ме стават понапред од него во две сцени, изјави ѕвездата на „Анатомија на скандал“ и додаде: „Одвај го гледав зашто цело време се смееше“.

Во 2017 година Милер зборуваше во интервју за снимањето на секс сцените со Афлек за филмот „Ноќен живот“, во кој глумеа и Ел Фенинг, Зои Салдања, Брендан Глисон и Крис Месина.

-Бен и јас сме како брат и сестра, фала богу, па не беше неприја – сподели тогаш.

-Имаше многу глупаво кикотење. Тој е многу професионален, јас не сум, но тој е. Сè на сè, тоа беше кул сцена.

Слични објави

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо

(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија

Еспресо

Хороскоп за 22 март: Раковите ќе имаат опуштени разговори со партнерот, Вагите ќе бидат во добро расположение

Еспресо

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо
Се вчитува....