03:08 - 7 април, 2026

„СИ ДОЗВОЛИВ ПОРОЦИ, ЦЕЛОСНО СЕ ИЗГУБИВ“: Тони Цетински зборува за пријателството со Тоше Проески и верата

тоше проески тони цетински

Тони Цетински беше гостин на телевизијата „Лаудато“ каде зборуваше за неговото прифаќање и практикување на верата.

Пејачот рече дека неговата баба Марија, која била голем верник, тајно го крстила во два часот наутро.

„Тајно ме крсти во Новиград во времето на комунизмот. Имаше таков договор со свештеник. Отиде да ме крсти и јас сум благодарен за тоа. Беше ризично за тоа време, но не знам што ќе правел ако не ме крстеше“, рече тој. Тони, додаде дека баба Марија го научила да се моли.

Тој зборуваше и за своето пријателство со Тоше Проески, чија смрт страшно го погодила

„Научив многу од Тоше, иако сум многу постар од него. Тој не беше само човек, тој беше и повеќе од тоа“, рече Тони, додавајќи дека бил малку лут кога починал.

„Откако го нема, сакам да бидам што е можно подобар. Но, имаше период на гнев и чувство на неправда каде што заглавив. Се оженив со семејство на атеисти, тотално далеку од Црквата. Брзав, одев со главата низ ѕид. Си дозволив пороци. Целосно се изгубив и згрешив”, рече тој.

извор: „Index“

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....