5.8 C
Скопје
06:36 - 1 април, 2026

Шведска Ангела Меркел со енергија на булдожер: Која е Магдалена Андерсон, премиерка на Шведска 

Таа е прва жена премиер на скандинавска земја.

Нејзината енергија и харизма ја споредуваа со онаа на Ангела Меркел, а шведскиот печат ја нарече „булдожер“.

Министрите за надворешни работи на Турција, на Шведска и на Финска завчера во Мадрид потпишаа меморандум за разбирање и постигнаа договор за апликацијата за членство во НАТО на Шведска и Финска, на кое претходно Турција стави вето. Потпишувањето се случи во присуство на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, финскиот претседател Саули Ниинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Но, која е Магдалена Андерсон, премиерката на Шведска? Одлична економистка, со минато на успешна пливачка, шведската премиерка и лидерка на Социјалдемократската партија на Шведска, Магдалена Андерсон (55) е првата жена премиер на скандинавска земја и прва премиерка на Шведска, која ги презеде уздите на владата во ноември минатата година.

Родена во Упсала, Шведска, во 1967 година, Андерсон е ќерка на познат универзитетски професор по статистика и мајка, исто така, професорка. Студирала општествени науки во нејзиниот роден град, а потоа се преселила во Стокхолм, каде што дипломирала економија. Подоцна студирала на Виенскиот институт за напредни студии и на престижниот Харвард. Заинтересирана за политика била уште од средно училиште, била членка на Социјалдемократската младинска лига на нејзиниот колеџ, а потоа и претседателка на локалниот огранок на партијата во Упсала. По дипломирањето, се вработила во кабинетот на шведскиот премиер Горан Персон, работела и како директорка за планирање, потоа станала политички советник на политичарката Мона Салин (лидерка на партијата од 2007 до 2011 година), па министерка за финансии. Позната по својата извонредна реторика, Андерсон долго време се сметаше за десна рака на поранешниот шведски премиер Стефан Лофвен, кој го напушти раководството на Социјалдемократската партија на 4 ноември и ја предложи тогашната министерка за финансии Магдалена Андерсон, да формира нова влада.

Магдалена беше дочекана со бурни овации и влезе во историјата како прва жена премиер на Шведска. Ова беше значаен настан за Шведска бидејќи таа е  единствената нордиска земја што немала жена лидер, а од особена важност беше и фактот што во 2021 година се навршуваа точно 100 години откако на Швеѓанките им беше доделено право на глас.

Но, првата жена премиер на Шведска поднесе оставка само седум часа откако беше назначена – одлучи да се повлече по буџетскиот пораз во парламентот што го натера коалицискиот партнер да поднесе оставка. Сепак, повторно ја презеде функцијата за помалку од една недела кога повторно ги доби гласовите. По победата, Андерсон им рече на новинарите дека е подготвена да ја „однесе Шведска напред“ со платформа фокусирана на благосостојбата, климатските промени и борба против криминалот.

Нејзиниот избор за премиерка е огромна пресвртница за Шведска, позната како земја што негува родова еднаквост, а пред Андерсон немала жена лидер. На Андерсон во нејзината работа ѝ претходеле 33 мажи.

Премиерката на Шведска е во брак со Ричард Фриберг, со кого се венчала во 1997 година и имаат две деца. Парот е многу резервиран кога станува збор за приватниот живот, но познато е дека двајцата живеат во општина Начка, во составот на Стокхолм. Сопругот Фриберг е професор по економија на Стокхолмската школа за економија. Слободните мигови заедно ги користат на планинарење и кајакарство.

 

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....