7.8 C
Скопје
08:03 - 21 април, 2026

Бобан Симиќ четири години јаде само сирово месо: „Поздрав сум и помоќен, посреќен сум и психички избалансиран!“

40-годишник од Чикаго, Бобан Симиќ, по професија борач, заврши во локалните весници поради својот „здрав“ начин на живот. Бобан вели дека држи диета поради која се чувствува поздрав од кога и да е: јаде сирово пилешко и говедско месо, на кое додава јогурт засилен со мајчино млеко и вагинален секрет од неговите поранешни девојки.

Тој, кој тврди дека е „луд по здравјето“, рече дека ја започнал оваа диета пред четири години во обид да стане повеќе алфа-маж и тврди дека никогаш не се чувствувал подобро. Неговата исхрана започнува наутро со 12-30 сирови жолчки, 1 кг месо (секогаш сирово) за ручек и повторно жолчки за вечера.

„Сè што јадам е сирово. Најнеомилено месо ми е јагнешкото бидејќи има силен вкус и е посно. Јадам и говедско и пилешки гради кои ми се едни од омилените. Свинското месо е малку блуткаво, па го јадам само одвреме-навреме. Најдоброто сирово месо од сите е козјото, бидејќи е многу меко“.

„Бев навистина нервозен првиот пат кога јадев сирово свинско месо, но знаев дека тоа не може да мии наштети. Знам дека може да се јаде сиров стек, но во пилешкото може да има салмонела. Но, јас не се разболувам“.

Симиќ објаснил дека решил да ја следи оваа диета бидејќи „сакав да бидам поздрав и помоќен и имам намера да живеам вечно“.

Покрај неговиот контроверзен нов начин на живот и откако ги проучувал неговите здравствени придобивки, Симиќ решил да додаде вагинален секрет и мајчино млеко во ферментираното млеко. „Бев со жена која имаше млеко и ѝ го пробав и мислев дека е слатко, вкусно и идејата ми се допадна. Таа беше девојка со која се гледав и со која бев интимен. Го цицав млекото и размислував да го додадам во моето млеко и излезе фантастично“.

Тој го објаснува процесот на „обработка“ на млекото.

„Го оставам сировото млеко да ферментира додека не стане јогурт. Потоа додавам мајчино млеко и вагинален секрет, пијам дел од него и оставам малку и за подоцна, а тоа во меѓувреме станува се подобро и подобро. Многу е повкусно“.

Симиќ, исто така, излегува да јаде во ресторани, но избира само етиопски или суши ресторани каде се служи сирово месо. Тој тврди дека јадењето сирово месо е „здрав разум“, бидејќи готвењето додава токсини и дека никогаш не се чувствувал толку здрав како што се чувствува откако ја започнал диетата.

„Гледав документарни филмови за Африка и мислев дека немаат многу за јадење, но се хранат многу поздраво и јадат месо што не е целосно сварено. Размислував и за кучињата, кои кога јадат сирово месо стануваат поагресивни и решив да се обидам да станам поалфа и поагресивен“.

„Вареното месо не е толку вкусно, потребно му е зачин. Понекогаш додавам мед, но многу пати го јадам вака и е многу вкусно“ – додава Бобан.

Според Симиќ, „кога готвите месо го правите токсично. Порано бев во депресија, но после сировата исхрана сум многу избалансиран психички, посреќен сум и психички сум многу подобар. Ова е најголемата промена. Мислам дека бактериите го регулираат вашиот мозок и ве прават среќни“.

„Тоа е бавна прогресија, но се гледам себеси и сум во многу подобра форма отколку кога бев професионален борач, а не тренирам толку многу. Што друго може да биде тоа освен ако не е до диетата? Кога ќе изедете половина килограм варен стек се чувствувате поспано и само сакате да се одморите. Сирова шунка можете да изедете два килограми, и ќе се чувствувате сити, но потоа можете да трчате“ – завршува тој.

Слични објави

Хороскоп за 21 април: Овните ќе имаат лоша деловна проценка, Лавовите ќе се изразат креативно

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо
Се вчитува....